Аргентинскиот селектор Хорхе Сампаоли денеска го објави својот поширок список од 35 фудбалери што дополнително ќе биде скратен пред СП 2018 за Русија.
Она што веднаш паѓа во очи е чудесниот напад што „гаучосите“ би го имале, во кој покрај незаменливиот Лионел Меси се наоѓаат уште и Агуеро, Игуаин, Дибала, Икарди, Пероти и младиот Лаутаро Мартинез, кој веќе потпиша договор со Интер за наредната сезона. Долго време се шпекулираше дека Сампаоли нема да смета на услугите на Дибала и Икарди, двајцата врвни напаѓачи сепак се најдоа на овој поширок список, но останува да се види дали ќе се појават и на конечната листа на патници за Русија.
Од оние кои извисија, најзвучно име е Хавиер Пасторе, кој цела сезона имаше минимална минутажа во ПСЖ, како и поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Фернандо Гаго.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА