Поширок список на Шпанија: Де Хеа не игра на СП, само двајца играчи на Реал Мадрид…

Шпанскиот селектор Луис Енрике го објави поширокиот список од дури 55 фудбалери, од кои дополнително ќе ги избере 26-те патници за СП во Катар.

Давид де Хеа дефинитивно нема да биде од мундијалскиот состав на Шпанија откако Енрике воопшто не го вклучи голманот на Манчестер Јунајтед на својот список. Тој беше резерва на последниот европски шампионат, а овојпат нема да биде во тимот откако селекторот им даде шанса на Раја од Брентфорд и на Санчез од Брајтон, како и на Кепа Аризабалага, како резервни опции за првиот голман Унаи Симон.

Интересно, шпанскиот селектор по неколку години пауза реши на својот список да го стави и ветеранот Серхио Рамос, но се најавува дека искусниот дефанзивец сигурно нема да биде дел од конечната листа на патници за Катар.

Енрике смета само на двајца фудбалери на европскиот првак Реал Мадрид, и тоа Карвахал и Асенсио, додека од Барселона се повикани Гарсија, Бускетс, Алба, Алонсо, Гави, Педри, Фати, Феран Торес и Балде.

Се вчитува...