„Поштарска иронија“ – Кога ќе се спомене името на Џордан, помислувам на… (ВИДЕО)

Еден од најголемите ривали на Мајкл Џордан, Карл Мелоун кој две години по ред со неговата Јута Џез губеше во финалната серија во НБА од Чикаго Булс, не сакаше да биде дел од документарниот филм посветен на Булс, „Последниот танц“.

Мелоун на прашање од ЕСПН, што прво помислува кога ќе го чуе името Мајкл Џордан, само иронично се насмевна и одговри „Мајкл Џордан“.

Многуми го нападнаа популарниот „Поштар“ што не прифати да е дел од „Последниот танц“, а како пример го даваат Ајзеа Томас кој се уште го нема „оладено“ односот со Џордан, но сепак прифати да биде дел од документарецот и да ја открие својата страна на приказната.

 

Се вчитува...