Атмосферата во таборот на Севилја денеска е на највисоко ниво откако на тренингот на шпанскиот прволигаш се појави и Едуардо Берицо.
Аргентинскиот тренер пред дваесетина дена мораше да биде опериран откако му беше откриен канцер на простата, а откако хируршкиот зафат мина перфектно тој доби и зелено светло од лекарите да му се врати на тренерскиот занает.
„Ел Мундо Депортиво“ најавува дека Берицо вечерва ќе го има и свјот камбек на клупата на Севилја, на натпреварот на домашен терен против Леванте. Македонскиот репрезентативец Енис Барди поради повреда нема да настапи за Леванте на оваа средба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА