Американската гимнастичарка Симон Бајлс одлучи да настапи во последната дисциплина на натпреварувањата во гимнастика на Летните олимписки игри во Токио. Одличната гимнастичарка ја покажа својата класа освојувајќи го бронзениот медал на греда и надминувајќи ги сите психички проблеми со кои се соочуваше во текот на игрите.
Имено Бајлс се повлече по првата дисциплина во екипна конкуренција поради големиот притисок кој го очекувала од јавноста и оттогаш не настапи во ниту една дисциплина се до денеска кога успеа да стигне до бронзениот медал.
Пред неа се најде само дуото кинески гимнастичарки Ченчен Гуан и Шијинг Танг.
#Bronze for Biles!@Simone_Biles wins a bronze in the women’s balance beam for @TeamUSA!#StrongerTogether | @Tokyo2020 | @gymnastics | #ArtisticGymnastics pic.twitter.com/6mnNY7Vh43
— Olympics (@Olympics) August 3, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА