После 210 минути игра, познат и првиот финалист на Купот на Кралот

Првиот натпревар во полуфиналето на шпанскиот Куп помеѓу Мајорка и Реал Сосеидад, заврши без голови, а после вториот меч беше 1-1, и се премина кон продолженија.

Но, и после нив немаше промени на резултатот, па се премина кон изведување на пенали, каде што Мајорка беше подобра и оди во финале.

Здодевното прво полувреме можеше на крајот да биде зачинето за гол, но пеналот на Реал Сосиедад го промаши Мендез, откако неговиот удар му го одбрани голманот на Мајорка. Казната стигна на стартот на вториот дел кога Апуд со глава му донесе предност на гостинскот тим. Ларин во 64. минута за малку ќе го зголемеше водството, а потоа Охарзабал во 71. минута успеа да израмни.

Во пенал серијата, веднаш предност за Мајорка, откако промаши Ојарзабал, а потоа во следните четири серии сигурни и едните и другите, во петтата за Мајорка погоди Дардер и го однесе тимот во големо финале.

Во второто полуфинале Атлетик Билбао има предност над Алетико Мадрид, и тоа стекната на гостински терен, па се наоѓа пред пласман во големото финале.

Се вчитува...