Венецуелскиот спортист во стрелаштво Леонел Мартинез, кој има 60 години ќе настапува на следните Олимписки игри во Париз, откако обезбеди пласман на истите. Мартинез првпат ќе учествува на Олимписки игри по пауза од 40 години, откако беше дел на Олимпијадата во Лос Анџелес во 1984 година.
Мартинез осигура место во Париз откако го освои второто место во финалето на трап на Панамеричките игри во Сантијаго.
Мартинез ќе се запише во историјата на ОИ, затоа што само јапанскиот јавач Хироши Хокетсу имаше поголема разлика меѓу настапите на игрите. Хокетсу настапи во 1964 година, а потоа чекаше 44 години откако повторно се натпреваруваше на ОИ во 2008 година, на 67-годишна возраст.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА