После ангажман на играч на Баерн, Борусија Д. сака фудбалер на Манчестер Јунајтед

Се зголемуваат апетитите на тимот на Борусија Дортмунд за следниот преоден рок. Вчера клубот официјално објави ангажман на сегашниот фудбалер на Баерн Минхен, стоперот Никлас Зиле кој што како слободен агент од лето се сели во ривалот на „Баварците“.

Според информациите од Германија, Борусија Дортмунд нема да застане тука, и ќе се обиде да го ангажира фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Едисон Кавани. Кавани би дошол во Дортмунд како слободен фудбалер, и како засилување на конкуренцијата во нападот. И натаму е прашање дали Ерлинг Халанд ќе остане или ќе замине, а би требало во Борусија да пристигне Карим Адејеми како негова замена, па така Кавани би бил како „бек-ап“ во шпицот на Борусија.

Кавани во минатото беше дел од ПСЖ, Наполи и Палермо, би немал ништо против да се проба и во Бундеслигата, иако за него зимава беше заинтересирана и Барселона.

Се вчитува...