Барселона ќе биде мирен од „сагата“ за Самуел Умтити барем една сезона, откако денеска се реализираше позајмицата на стоперот во италијанскиот тим Лече. Францускиот фудбалер после две години долги преговори да си замине, конечно, ќе игра во друг клуб.
Французинот одамна не е во плановите на Барселона. Минатата сезона одигра само еден меч во Ла Лига.
Сепак, Барселона со ова не се ослободи од платата на Французинот. Тој и натаму ќе зема плата од Барселона, но каталонскиот тим ќе заработи само од бонуси, кои не се прецизирани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

