Иако ја доби наградата за најдобар голман во Премиерлигата, сепак, чуварот на мрежата на Манчестер Јунајтед Давид Де Геа веројатно ќе мора да го напушти „Олд Трафорд“ после долги години престој во Јунајтед.
Челниците на Јунајтед веќе му бараат замена, а наводно изборот паднал на „единицата“ на англиската репрезентацијата Џордан Пикфорд. Пикфорд би го напуштил Евертон за да брани во Јунајтед, а воедно би можел да му донесе на својот тим доста пари за да се засили, да не се случи тимот да се бори за опстанок како што беше оваа сезона.
Според најавите, Евертон за Пикфорд ќе бара 30 милиони евра, а трансферот би можел да се случи веќе после дуелот Англија – Македонија на „Олд Трафорд“ на 19. јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

