Бруно Фернандеш има многу моменти за среќа. Вчера во дуелот со Македонија ги постигна двата гола, кои ја однесоа Португалија на Мундијалот во Катар, а веќе утре би можел да го потпише новиот договор со Манчестер Јунајтед.
Фернандеш и Јунајтед ги договориле сите услови, и Португалецот треба да го стави потписот на договорот до јуни 2027 година.
Бруно е дел од Јунјатед од 2020 година, и со добрите игри се наметна како лидер во тимот од Олд Трафорд. Токму од тука челниците на клубот му понудија нова соработка. Претходно играше за Спортинг, Сампдорија, Удинезе, Новара и Боависта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА