Њукасл минатата сезона избори пласман во Лигата на шампионите, и првпат после 21 година ќе играат во најелитното европско натпреварување. Премиерата на нивниот „кам-бек“ ќе ја имаат во Милано, кај екипата на Милан.
Меѓутоа ова гостување за англискиот тим не мина добро. Летот на играчит за миланскиот аеродром доцнеше повеќе од два часа. Причината за доцнењето не е позната, но сигурно дека тоа ги поремети плановите на стручниот штаб за првиот меч. Се претпоставува дека поради лошо време, авионот не добил дозвола да полета од Англија.
Но, за да биде денот уште полош се погрижи и фактот дека на прес-конференцијата на Милан, снема струја па така Пиоли и Томори чекаа 10 минути. Претставниците на Њукасл не се појавија на прес конференцијата.
Токму поради фактот што не е одржана конференција за медиумите, Њукасл се соочува со казна. Требало да биде во 12:20 часот вчера, но не се случила. Исто така немало и официјален тренинг на „Сан Сиро“, туку подготовката била одработена во Англија.
Сега УЕФА е на потег да одлучи дали ќе го казни англискиот тим поради нарушувањето на протоколот пред натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

