Турскиот гигант Фенербахче го купи големиот македонски талент Елиф Елмас ова лето, но неговите скаути продолжуваат да ги следат младите фудбалери од Македонија. Под лупата на Фенербахче се наоѓаат уште четворица фудбалери од Македонија, кои се членови на Вардар и на Шкупи., пишува турскиот медиум „Goalbien“.
Бесар Исени, првотимецот на Вардар кој од Шкупи пристигна во редовите на македонскиот првак, е фудбалерот за кој најмногу се интересира Фенербахче. Скаутите на клубот веќе го следеле Исени на неколку мечеви од македонскиот шампионат.
Вториот член на Вардар кој е на „радарот“ на Фенербахче е младиот 19-годишен дефанзивец Берат Исмаили. Тој е дел од генерацијата на „црвено-црните“ која играше против Салцбург во квалификациите за младинската Лига на шампионите.
Останатите двајца фудбалери се од редовите на Шкупи, и секако, се македонски репрезентативци. Фенербахче ги следи игрите на Бесник Ферати, играч од средниот ред на тимот од Чаир. Исто така, на списокот на турскиот клуб се наоѓа и Алтин Сефо, кој игра на позицијата десен бек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА