Челните луѓе на Јужноамериканската фудалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) предложи да се смени логото на фудбалската репрезентација на Бразил, во чест на Пеле кој е во тешка здравствена состојба и во болница деновиве. Легендарниот Бразилец ко последните години е со нарушено здравје, со Бразил освои три светски првенства: 1958, 1962 и 1970 година.
Бразил на своето лого има пет ѕвездички, по една за секој освоен Мундијал во својата историја, со оглед дека покрај гореспоменатите ги освојуваа и првенствата во 1994 и 2002 година.
Затоа КОНМЕБОЛ предлага три од петте ѕвездички да бидат заменети со срциња во чест на Пеле. Пеле го одбележи бразилскиот фудбал, а оваа годна Нејмар се изедначи со него по бројот на голови постигнати во дресот на Бразил (77).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА