Џенаро Гатузо би можел да биде нов тренер на Џенова, објавуваат италијанските медиуми. Гатузо нема работа откако си замина од Фиорентина 20 дена по неговото превземање, а во минатото го водеше Наполи на Елиф Елмас.
Гатузо е контактиран од управата на Џенова да го замени Балардини кој е на излезна врата од клубот. Со тоа темпераментниот тренер би можел во иднина да го тренира искусниот Горан Пандев, кому ова ќе му биде најверојатно последната сезона во кариерата.
Гатузо во минатото седеше и на клупата на Милан, Пиза и Палермо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА