Наполи во јануарскиот преоден рок ќе прави мал „ремонт“ во екипата. После Елиф Елмас, кој што веќе е дел од Лајпциг, ќе си замине и полскиот играч од средниот ред, Пјотр Зиелински.
Зиелински ќе ја продолжи кариерата во Интер, и тоа уште во јануари, ако сака Наполи да заработи нешто од него, со оглед дека договорот му истекува во јуни 2024 година, кога Полјакот може да си амине без отштета.
Полскиот фудбалер веќе седум години е дел од тимот на Наполи, и сега се решава да ја смени средината и да се пресели во „сино-црниот“ дел на Милано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА