ЕКИПА во Белек,
Никола Ѓуровски
Почетокот на пријателскиот натпревар меѓу Македонија и Азербејџан донесе и неочекуван проблем. Снема електрична енергија на стадионот „Мардан Арена“ непосредно по интонирањето на двете химни.
Се изгасија рефлекторите, семафорот, но организаторот на мечот реагираше многу брзо. Се вклучи генераторот на стадионот, па стартот на мечот доцнеше само шест минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА