После Имери, уште еден македонски фудбалер ќе го облече дресот на Енозис

Во кипарскиот тим Енозис се формира мала македонска колонија. По назначувањето на Бојан Маркоски за тренер, во следните часови треба да биде промовиран и Демир Имери како ново име во редовите на оваа екипа.

Меѓутоа тоа нема да биде единственото засилување од Македонија за оваа екипа. Вториот потпис би требало да биде од искусниот голгетер Марко Симоновски. Симоновски, кој во есенскиот дел играше за Башкими, би требало да се пресели на Кипар и да настапува за „фенерџијата“.

Симоновски и Имери како слободни ќе треба да се преселат во редовите на Енозис, и да се обидат да го направат невозможното – да го спасат тимот од испаѓање, со оглед дека екипата има само еден бод од 16 меча.

Се вчитува...