Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, изјави дека играчот од средниот ред Коби Мејну е блиску до потпишување на нов договор.
Клубот ќе му понуди на 20-годишниот играч петгодишен договор, до 2031 година, со значително зголемување на платата, во согласност со неговиот напредок и статус во тимот.
Во 2023 година, како 17-годишник, Мејну потпиша договор со Јунајтед кој важи до летото 2027 година.
Карик, кој сè уште не знае дали ќе остане во клубот по оваа сезона, беше прашан дали Мејну ќе потпише нов договор.
„Би сакале да мислиме така. Се приближуваме до тоа, позитивно сме настроени во врска со тоа. Смирени сме во врска со тоа и времето ќе покаже како ќе се одвиваат работите, но сме во добра ситуација со него“, рече Керик.
Мејнѕ не беше во плановите на претходниот менаџер Рубен Аморим и изгледаше дека ќе го напушти „Олд Трафорд“. Кога Португалецот беше отпуштен во јануари, а Карик ја презеде екипата до крајот на сезоната, тој стана редовен играч, играјќи ги сите 10 натпревари од Премиер лигата.
Претходно Манчестер Јунајтед ја продолжи верноста со стоперот Хари Мегваер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

