Пари Сен Жермен ја збудале фудбалска Европа ова лето со трансферите на Нејмар и на Мбапе, но раководството на „светците“ допрва ја подготвува вистинската „бомба“. Лионел Меси е целта на ПСЖ, и францускиот гигант е подготвен да понуди 300 милиони евра за да го купи во јануари.
Аргентинецот има актуелен договор до јуни 2018 година, а Барселона тврди дека речиси се е договорено за тој да го продолжи договорот за уште четири сезони. Но, со ПСЖ веќе никој не знае што може да се случи…Никој на „Камп Ноу“ не веруваше и дека Нејмар ќе си замине…
Очигледно дека раководството на ПСЖ воопшто не е загрижено поради најавите на УЕФА дека двата трансфери ќе бидат под детална истрага, под сомнение да не е нарушен финансискиот фер-плеј. Подготвува ново чудо за јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА