После поништениот гол на Белингем, Анчелоти предлага ново фудбалско правило

Вистинската драма која се одвиваше на натпреварот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид, кој заврши 2-2, и кој имаше бурен финиш со оглед дека голот на Белингем постигнат во последните секунди беше поништен, наиде на многу идеи, а една од нив доаѓа од актуелниот тренер на „кралевите“, Карло Анчелоти.

На Белингем му беше поништен гол, откако судијата се реши да означи крај при еден центаршут на Реал, после кој Белингем постигна гол, но судијата остана на својот став дека мечот е завршен.

Анчелоти смета дека мора да се поддржи идејата на Пјерлуиџи Колина за ефективно време во судиските надополнување, иако многумина сметаат дека со тоа продолженијата ќе бидат далеку подолги.

„Правилата за ефективно време ќе мора да почнат да се применуваат наскоро, поради ова што се случи во саботата. Концептот судиско продолженија, односно дополнително време е нејасен и комплициран. Ефективното време е решение, и тоа мора што побрзо да се воведе“, рече Анчелоти.

Се вчитува...