Македонската репрезентација до 17 години, попладнево го одигра вториот пријателски натпревар против селекцијата на БИХ. Откако пред неколку денови Македонија беше поразена со 3-1, денеска се реваншираше на своите врсници од БИХ и славеше триумф со 1-0.
Натпреварот кој се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ беше тврд и неизвесен се до последните мигови кога Хоџа постигна гол и ја израдува македонската репрезентација.
Овие мечеви беа како генерална проба за оваа репрезентацијата која во март ја очекуваат три натпревари во рамките од квлаификациите за пласман на ЕП, против селекциите на Шкотска, Лихтенштајн и Романија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

