Само еден ден по разочарувачкиот резултат во Париз и поразот од 4-2 со кој се најде во зоната за испаѓање, тимот на Манчестер Сити се „почести“ со фудбалерот на Ајнтрахт Франкфурт, Омар Мармуш.
Мармуш доаѓа на „Етихад“ за сума од 75 милиони евра, а денеска се случи и промоцијата. Тој го сврте вниманието кон себе со одличните настапи во Бундеслигата сезонава.
Мармуш треба да ги реши проблемите во нападот на Сити, односно да биде поддршка за Ерлинг Халанд, кој пред неколку дена потпиша нов договор со кој се обврза на останување на Етихад до 2034 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

