Десниот бек Давид Велковски не е повеќе дел од Вардар. Фудбалерот после шест години и 10 месеци минати во „црвено-црниот“ дрес се реши да ја напушти екипата.
Велковски дојде во Вардар во 2019 година како тогашен 19-годишен фудбалер од штипска Брегалница. Беше дел од „црвено-црните“ и во Втората лига, и еден од заслужните за враќањето на Вардар во елитната конкуренција.
Претходно Вардар се засили со дениот бек Георгије Јанкулов, а исто така во екипата е Владица Брдаровски. Исто така во Вардар дојдоа и Димитар Тодоровски и Михаил Маневски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА