Најдобриот фудбалски агент во светот, Португалецот Жорге Мендеш, кој за свои клиенти ги има Кристијано Роналдо, Радамел Фалкао, и огромен број други ѕвезди, како и менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, сака да го земе под свое македонскиот мегаталент Елиф Елмас. Оваа вест како бомба одекна во Турција, а секако ќе го обиколи и целиот свет, затоа Жорге Мендеш соработува само со мегаѕвезди, а проценил дека и Елиф Елмас може да стане фудбалер од светски калибар.
Елиф Елмас ова лето од Работнички се пресели во турскиот гигант Фенербахче, но се уште не е лиценциран, затоа што ФИФА не го дозволи тоа, бидејќи е малолетен, иако клубот упати специјално барање. Сепак, Елмас ќе мора да почека до јануари, и со оглед дека ќе стане полнолетен на 27.септември, ќе може без проблеми да отпочне со настапи во дресот на Фенербахче. А ако го земе Жорге Мнедеш под свое, можно е многу брзо да го видиме и во Реал Мадрид, или Манчестер јунајтед, или Пари Сен Жермен…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА