Кошаркарскиот дел на Реал Мадрид баш и не бележи добра сезона во сезоната 2024/25, а тоа се манифестира и преку играчкиот кадар и преку резултатите во сите натпреварувања.
Како што пренесува Marca, Реал Мадрид по само еден месец ќе остане без НБА засилувањето Денис Смит Јуниор.
Поранешниот играч на Далас, Бруклин, Њујорк, Детроит, Портланд и Шарлот пристигна во Реал на 16-ти јануари и, според информациите на познатиот шпански портал, тој веќе го напушта тимот на 18-ти февруари.
Причина за тоа е неможноста навремено да се прилагоди на условите на европската кошарка, а проблем е и физичката подготвеност на Смит. Тој одигра четири меча за „кралевите“ и има вкупно 35 минути и 11 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА