После само шест месеци, Мората го напушта Милан и се сели во Турција!?

Во јули 2024 година, Милан го потпиша шпанскиот репрезентативец Алваро Мората, само неколку дена откако го освои Европското првенство во Германија. Тоа требаше да биде големо засилување за „росонерите“, но на теренот не беше така.

Затоа Шпанецот сега би можел да го напушти „Сан Сиро“ и да се пресели во Турција. Наводно Галатасарај е во напредни преговори со напаѓачот на Милан, и во следните денови се очекува да го комплетира трансферот.

Ова веројатно ќе значи дека Виктор Осимен си заминува од Истанбул, откако неколку клубови меѓу кои Манчестер Јунајтед, се заинтересирани за неговите услуги.

Се вчитува...