После шест месеци и само шест натпревари, Вардар се раздели од Ким

Сеук Гун Ким не е повеќе фудбалер на Вардар, објави клубот. „Црвено-црните“ се разделуваат со Кореецот само шест месеци по неговиот ангажман, откако дојде на почетокот на оваа сезона.

Ким не се прослави во дресот на Вардар. Одигра само шест натпревари, а во последните натпревари не беше ниту во комбинација.

Ова е првиот играч кој зимава си заминува од „црвено-црните“, кои претходно се засилија со Јанкулов, Цикарски и Тодоровски.

Се вчитува...