Тага на „Енфилд“: Почина легендарен фудбалер на Ливерпул

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Вили Стивенсон, почина на 85-годишна возраст, потврди англискиот клуб во вторник вечерта. Стивенсон беше дел од легендарната генерација на „Редси“ од 60-тите години и одигра вкупно 241 натпревар за клубот, постигнувајќи 18 гола.

Тој играше за Ливерпул од 1962 до 1967 година и, под водство на легендарниот Бил Шенкли, освои две титули во англиската лига – 1964 и 1966 година. Тој беше исто така дел од тимот што го освои првиот ФА Куп во историјата на клубот во 1965 година, постигнувајќи гол од пенал во полуфиналето против Челзи во победата од 2:0.

Ливерпул се збогува со својот поранешен играч со емотивна порака на социјалната мрежа X:

„Длабоко сме ожалостени од смртта на нашиот поранешен фудбалер Вили Стивенсон. Мислите на сите нас во Ливерпул се со неговото семејство во ова тешко време. Почивај во мир, Вили Стивенсон“, стои во објавата.

Се вчитува...