После Цефас, од Шкупи заминува и Хамиди

Реналдо Цефас и официјално беше промовиран во Анкарагучу. Шкупи го продаде својот крилен напаѓач од Јамајка, а на пат е да замине уште еден играч од нападот. Станува збор за Вахид Хамиди, кој следните денови треба да го официјализира своето заминувае од „Чаир“.

Следна цел на Хамиди ќе биде Азербејџан, поточно тимот на Сумгаит. Интернациналецот од Алжир дојде во Шкупи во 2021 година од алжирскиот шампиона, од тимот на Скикда.

Покрај Цефас, од тимот заминаа и Магвелашвили, Брдаровски, Ѓоргиев, Абдула, Јакимовски, Данфа и Демири, а за оваа сезона Шкупи нема да смета ниту на Сандеј Адетунџи.

Во текот на вчерашниот ден чаирскиот тим ги потшиша Луан Абази од Вил, Армин Хоџиќ и Нилтињо, тројца играчи кои ќе го засилат офанзивниот дел од тимот.

Се вчитува...