Последен потсетник… регистрациите за PUTM-Pelister Unique Trail Marathon 2025 ќе бидат затворени на 06 Јуни!! Нè очекува пеколен африкански викенд, идеален за ладно пиво, очила за сонце и пријатен планински воздух во срцето на Баба Планина!! Оваа година се организираат две брзи трки! Едната е полумаратон од 21 км, кој во првата половина има спринт конфигурација и 0 D+!! Додека во втората половина, разлика во надморска височина од 1.200 D+ и 500 D- е спакувана во останатите 11 км!!! Втората трка е апсолутно планинска релакс патека од 9 км и околу 400 D+ и во голема мера во сенката на шумата под врвот Бабин Заб! Целната линија на двете трки е на патеката Скијачки центар Стрежево.

Вториот ден, недела 15 јуни, на истиот терен на скијачкиот центар Стрежево организираме детски крос-кантри трки Pelister Unique Trailko за возраст од 5 до 14 години. Регистрациите за трките на Треилко се можни до 8 јуни 2025 година! И нема многу слободни стартни броеви!!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

