Македонската одбојкарска репрезентација го завршува првиот дел од подготвителната фаза за настапот на Европското првенство во јуни во септември. Селекторот Никола Матијашевиќ по три седмици прелиминарни тренинзи го распушта тимот кој повторно ќе се собере на 14. јули. Тогаш од Маврово ќе почне главната фаза од подготвките за дебтиантскиот настап на контиенталните собири.
„Од ден на ден возбудата расте иако до Европското има уште многу. Но, ако се размисли подобро, нема премногу време. Затоа се повеќе ја чувствуваме возбудата што кај нас ја предизвикува дебитантскиот настап на ваков голем настан. На среќата и нема крај“ – вели на крајот од воведната подгтвителна фаза, либерот на македонската репрезентација, Дарко Ангеловски.
Македонските репрезентативци добиваат тринеделен одмор, потоа по еденомесечни тренинзи во Маврово, ќе се вратат во главниот град и ќе ја почна серијата контролни натпревари. Први противници ќе бидат Романија и Шведска, на тунрирот „Чајка“ ќе се соочат со Белгија, Бугарија и со Укаранина, а во пресрет на почетокот на Еврошампионатот ќе бидат одиграни и две контроли против Австрија на гостински терен.
Македонската репрезентација во групната фаза од Европското првеество во Љубљана покрај со домаќинот Словенија ќе игра и против Финска, Турција, Русија и Белорусија. Шампионатот го почнуваме на 12. септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА