Денеска е последен ден за пријавување за учество на најголемата и најмасовната спортска манифестација која оваа година ќе се одржи во Охрид под името „Охрид трчаТ“. Пријавувањето, исклучиво можете да го потврди само на онлајн страницата www.ohridtrcat.mk и да одбројувате до недела 3. јуни, за кога е закажан главниот настан.
На „Охрид трчаТ 2018“ ќе се трчаат две трки на 5 и на 10 километри. Трасата на петкилометарската трка е иста како и на десеткилометарската само што се трча еден круг. Значи, исто може да се ужива во стариот дел на градот, погледот на охридското езеро и бодрењето од публиката низ улиците на Охрид.
Минатата година во машка конкуренција делницата на 5 километри најбрзо ја помина Пепи Анакиев со време 25 минути и 5 секунди, а второпласиран заврши Богдан Цветскоски со една секунда задоцнување. На третото место на пиедесталот се искачи Мики Попоски со време 21 минута и 17 секунди.
Во женска конкуренција Елена Стојческа (31 мин. 31 сек.) се закити со златниот медал, охриѓанката Марта Пејоска (34 мин. 28 сек.) заврши на втората позиција, а Ана Тодороска (35 мин. 13 сек.) ги комплетираше најдобрите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА