ЕКИПА во Амстердам,
Роберт Спасовски (ФОТО)
Сосема извесно натпреварот со Холандија ќе биде последен и за селекторот Игор Ангеловски на клупата на македонската репрезентација.
Игор Ангеловски шест години е на кормилото на националниот тим, во три наврати продолжувајќи го договорот со Фудбалската федерација на Македонија кој му завршува на крајот од овој месец.
„Да, мојот договор завршува со ФФМ до крајот на овој месец, и може да искажам само едно огромно благодарам до овој господин до мене, Горан Пандев и сите момци што ни овозможија настап на едно големо натпреварување. Може да кажам дека запишавме историја за македонскиот фудбал, постигнувајќи го најголемиот репрезентативен успех и горд сум на тоа. За мојата иднината ќе разговараме и размислуваме откако ќе заврши Европското првенство“ – истакна Ангеловски.
Изминативе денови и бројни шпекулации се појавија околу идниот ангажман на Ангеловски. Иако пред еден месец се спомнуваа Џенова и Сампдорија како заинтересирани клубови за негов ангажман, денеска шпекулациите во дел од турските медиуми дека би можел да го преземе и турски Фенербахче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА