Целата спортска јавност во Европа е потресена од смртта на поранешниот центар на Црвена Звезда Мајкл Оџо. Нигерискиот центар почина во 28. година од животот како последица од срцев удар на индивидуален тренинг во фитнес центар во склоп на стадионот на Партизан. Со последен поздрав се прости и Партизан.
„Последен поздрав за големиот ривал. Партизан изразува сочувство по повод смртта на нигерискиот кошаркар Мајкл Оџо. Оџо почина во текот на индивидуалниот тренинг на стадионот на ФК Партизан како последица од срцев удар“, стои на официјалната твитер страница на Партизан.
Poslednji pozdrav velikom rivalu!#RestInPeace Michael Ojo! pic.twitter.com/VWIYcg8fhs
— KK Partizan NIS (@PartizanBC) August 7, 2020
JSD Partizan izražava iskreno saučešće povodom iznenadne smrti nigerijskog košarkaša Majkl Odža. Odžo je preminuo tokom individualnog treninga na stadionu FK Partizan od posledica srčanog udara. pic.twitter.com/hlMyseTZtx
— FK Partizan (@FKPartizanBG) August 7, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА