Последен „танц“ на големиот ас: Тимур Дибиров се простува од Лигата на шампионите

Легендарниот руски ракометар Тимур Дибиров, кој остави неизбришлива трага и во Вардар, вечерва ќе го одигра последниот натпревар во Лигата на шампионите. Неговиот тим Загреб игра меч против Киелце, во кој нема никакви шанси за пласман во следната фаза, па затоа Дибиров ќе биде во центарот на  вниманието.

Вториот најдобар стрелец на сите времиња кога е во прашање најквалитетното европско клупско натпреварување со повеќе од 1.200 голови, двократен победник со Вардар и иден член на Куќата на славните на ЕХФ, летово на 42-годишна возраст ќе ја заврши својата неверојатна кариера.

Дибиров ја игра својата 21 сезона во Лигата на шампионите. Започна со Чеховски Медведи, каде за девет сезони успеа да стигне до Ф4 турнирот во 2010 година во Келн. Следуваа епски девет сезони во златната ера на Вардар Скопје, каде беше еден од лидерите, освои две титули европски првак, пред да го облече дресот на Загреб во 2022 година.

Се вчитува...