Последен „танц“ – овие ѕвезди ќе ги гледаме сега и никогаш повеќе на Европско првенство

На ова Европско првенство ќе се простиме  од некои легендарни фудбалери, кои ќе го имаат последниот настап на собирот на најдобрите европски селекции. Иако некои се веќе во зрели години, сепак, голем дел од нив ќе играат главна улога во своите репрезентации.

ТОНИ КРОС (ГЕРМАНИЈА)

Тони Крос после ова Европско првенство не само што нема да настапува повеќе на европските собири, туку целосно заминува во пензија. Тој се прости од Реал Мадрид со трофеј во Лигата на шампионите. За многумина преставуваше шокантна најавата пред еден месец дека Крос ја завршува кариерата по ЕВРО 2024, иако има „само“ 34 години.

ОЛИВИЕ ЖИРУ (ФРАНЦИЈА)

За 37-годишниот напаѓачот на Франција кој влезе во историјата на својата земја со најмногу голови во дресот на „петлите“, ова ќе биде последно Европско првенство, и последен настап за својот национален тим. Заминува во репрезентативна, но не и клупска пензија. Тој и натаму ќе игра клупски фудбал, и тоа во САД.

ЛУКА МОДРИЌ (ХРВАТСКА)

Хрватскиот Моцарт во фудбалот, 38-годишниот Лука Модриќ ќе го игра последниот „танц“ на европските првенства, а можеби и последен на едно големо натпреварување, со оглед дека до идниот Мундијал ќе има веќе 40 години. Сепак и покрај години, Хрватот покажа дека е во одлична форма, и дека годините за него се само бројка. Многу се очекува од Модриќ на ова првенство за Хрватска, а како ќе одигра, останува да се види. Сепак, треба да се има во предвид дека тој ќе нема сила да ги одигра сите три меча во групата по 90 минути, а неговата селекција е во „пеколната“ група со Шпанија, Италија и Албанија.

МАНУЕЛ НОЈЕР (ГЕРМАНИЈА)

Легендарниот германски голман не најавува дека ќе замине во пензија, можеби и ќе брани и на идниот Мундијал кога ќе има 42 години, но тешко е за верување дека ќе биде дел и од идното Европско првенство во 2028 година. Затоа за германскиот чувар на мрежата ова е последен настап на Еворпските првенства, а германските медиуми шпекулираат дека и тој ќе се прости од Германија после ова ЕВРО.

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО (ПОРТУГАЛИЈА)

Можеби најголемото име во ова друштво. Тој е најдобар стрелец во меѓународниот репрезентативен фудбал. Даде неверојатни 130 голови за националниот тим на 207 натпревари, рекорди кои тешко ќе бидат достижни за било кој играч. Португалецот ќе има последна шанса да се прости од Европските првенства со трофеј, иако веќе има еден – оној од 2018 година во Франција.

Има и други фудбалери за кои ова ќе биде последниот „танц“. Такви се и Пепе од Португалија, потоа Хесус Навас од Шпанија, а можеби и Роберт Левандовски од Полска. Исто така пред пензионирање е и Томас Милер од Германија.

Се вчитува...