Веќе се одбројани деновите на капитенот на Јувентус, Џорџо Кјелини, за кој одекна вест од Италија дека ќе го напушти клубот од Торино по цели 17 години.
Како што пренесува Фабрицио Романо, Италијанецот најверојатно ќе си замине од Јувентус на крајот од сезоната, а една од потенцијалните дестинации за него е САД.
Имено, засега неименуван клуб од МЛС лигата покажал интерес за дефанзивецот кој кон средината на август ќе наполни 38 години, а самиот фудбалер е заинтересиран за таква опција.
Кјелини сака да се испроба во нова средина со поинакво искуство, нешто што САД сигурно може да му го понуди. Тој оваа сезона одигра 21 натпревар во сите натпреварувања за „Бјанконерите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА