Последна проверка за кошаркарите: Бугарите ќе го „глумат“ Косово

Македонската кошаркарска репрезентација денеска со почеток во 17 часот ќе ги одмери силите со Бугарија, во последниот контролен натпревар во пресрет на почетокот на претквалификациите за СП 2019. „Црвено-жолтите“ пред петнаесетина дена го совладаа истиот ривал во Скопје со резултат 80-70, но овојпат селекторот Јорданчо Давитков се соочува со сериозен проблем поради отсуството на капитенот Војдан Стојановски, како и неиграњето на центарот Бојан Крстевски, кој веќе извесно време  е „во аут“ поради повреда.

Целта е да се продолжи победничката серија по успешните резултати во Скопје, но пред се сите играчи да останат здрави бидејќи влегуваме во период кога за само неколку дена пред нас е стартот на претквалификациите“ – истакнуваат од нашиот национален тим.

Добра вест е што Џордан Теодор е „фит“ и конечно ќе може да настапи во репрезентативниот дрес, откако во досегашниот дел од подготовките настапи само на првиот меч со Бугарија.

Македонија веќе на 2 август ги стартува претквалификациите за СП 2019, а премиерниот натпревар нашите репрезентативци го играат во Приштина против селекцијата на Косово.

Се вчитува...