Новак Ѓоковиќ ја почна 45-та последовна недална на врвот на АТП листата. Тој има 9545 бода што е 320 повеќе од Рафаел Надал, но следниот понеделник ќе бидат одземени бодовите за турнирот во Париз, па Шпанецот ќе ја преземе водечката позиција на ранкингот. На денеска објавента листа, зад водечкиот двоец е Роџер Федерер, а следуваат новите сили Данил Медведев, Доминик тим, александар Зверев и Стефанос Циципас.
Кај тениерските, Австралијката Ешли Барти и натаму е лидерка пред Чехинката Каролина Плишкова и пред Јапонката Наоми Осака. Бјанка Андреску, Симона Халеп и Петра Квитова напредуваа за по една позиција и сега од четвртото до седмото место. Со триумфот ов москва, Швајцарката Белинда Бенчич напредуваше до седмата позиција, а меѓу најдобрите десет се уште и Елина Свитолина, Серена Вилијамс и Кики Бертенс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА