Португалскиот стратег Жозе Мурињо има проблеми со резултатите на стартот од новата сезона во Премиер – лигата, а доколку не оствари успех многу веројатно и дека ќе мора да си замине од „Олд Трафорд“ следното лето. Медиумите на Островот веќе најавуваат дека Зинедин Зидан е „пикиран“ за нов менаџер на „црвените ѓаволи“. Раководството на клубот и му дало за задача да ги одбере следните засилувања кои треба да пристигнат во Манчестер јунајтед.
Французинот веќе го „скроил“ списокот. Тони Крос од Манчестер јунајтед, Тијаго Алкантара и Хамес Родригез од Баерн Минхен во средниот ред, и Единсон Кавани во нападот, треба да бидат главните аквизиции на Јунајтед доколку Зидан седне на менаџерското столче.
Мурињо има проблеми со раководството, ова лето не ги доби посакуваните нови имиња, а можеби веќе е подготвен планот за Зинедин Зидан да го добие кормилото на „црвените ѓаволи“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА