Последна шанса за прва радост на кошаркарките во Скопје

Македонската женска кошаркарска репрезентација денеска во 18 часот ќе ја пречека Португалија во последниот домашен меч од квалификаците за Евробаскет 2025.

Играта и резултатот на последниот дуел со Шведска беа разочарувачки и на селекторот Ашаданов и на кошаркарките им е јасно дека денеска ќе мора да се покажат во многу подобро светло ако сакаат да имаат шанси за позитивен резултат. На првиот дуел на овие селекции Португалките на домашен терен триумфираа со 65-52, а „црвено-жолтите“ сонуваат за реванш и прва радост на домашен терен во овие квалификации.

Капитенот Митрашиновиќ и Хемпе ќе мора да добијат многу поголема помош од соиграчите во обидите да бидеме подобри од Португалките кои стигнаа до победата на првиот меч во Матошинос, реализирана во последната четвртина од тој натпревар, игра која беше и потстрек повеќе за девојките во „црвено-жолта“ комбинација да размислуваат и за нешто повеќе во овие квалификации.

Иако во Скопје доаѓаат со нешто изменет ростер, извесно е дека Португалија е селекција која има поголем квалитет, и статистички гледано, треба да е многу поблиску до двата бода со кои би останале во трката за позицијата број 2 која води на Евробаскетот наредната календарска година.

Во просек реализираа(т) по 60 поени ние 53.7) имаат многу повеќе скокови (44 спрема нашиот просек од 28), но и поголeм број на успешни додавања (14.3 спрема 11.3). Ние имаме подобра реализација во обидите вредни по два поени (44.7% во однос на оние скромни 32.7 на вечерашниот противник, како и оние се сметаат по еден поен (78.3% спрема 60%). Но и многу послаба реализација за три поени само 19.6% на досегашните три средби (Португалија има солидни 30.2%).

Влезот во салата и за овој натпревар е слободeн, ќе биде прeнесуван на спортскиот канал Sport Klub 10HD.

Се вчитува...