Последната фотографија од Коби ја има 13 годишно момче – „Ќе се видиме повторно за нова и подобра фотка“

Фановите низ светот вчера се потсетија на една година од трагичната смрт на легендарниот кошаркар Коби Брајант. Американецот загина во хеликоптерска несреќа на 26 јануари 2020 година, а покрај него животот го загубија и неговата 13-годишна ќерка Џана, како и пилотот и шестмината семејни пријатели.

Последната фотографија од Коби Брајант, ден пред несреќата ја направил 13-годишниот Брејди Смигиел. Тој успеал да го „фати“ Коби во камп центарот на „Академијата Мама“, а фотографијата не се покажала баш најдобро затоа што Брајант брзал за лет со хелихоптерот.

„Ќе се видиме утре, ќе направиме подобра фотографија“, му рекол Коби на малиот Брајант Брејди.

За жал, следното утро, Коби го загуби животот, а Брејди остана со оваа единствена фотографија за да се сеќава дека истата е од непроценливо значење за него и за фановите на кошарката.

Се вчитува...