Шокантна вест за смртта на фудбалерот на Ливерпул и на португалската репрезентација Диого Жота го потресе светот. Жота утрово загина во сообраќајна несреќа во Шпанија, додека бил на одмор заедно со неговиот брат Андре. Несреќата се случила на автопатот А-52, на 65-тиот коилометар, во близината на местото Паласиос де Санабрија. Жота загинал на лице место.
А, последната објава на фудбалерот на Ливерпул на социјалните мрежи го крши срцето. Пред само 10 дена стапи во брак со долгогодишната партнерка Руте Кардозо, со која имаше и три деца.
„Да, засекогаш“, стои во објавата на Жота на која се гледаат фотографии од неговата свадба.
• 22 de Junho de 2025 •
Sim, para sempre ♾️ pic.twitter.com/pZvQwKADgd— Diogo Jota (@DiogoJota18) June 28, 2025
Пред 18 часа објавил видео снимка на која е заедно со својата сопруга.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

