Спортот во светот е суспендиран поради пандемијата од коронавирусот, а единствена занимација овојпериод за спортските фанатици е документарниот филм посветен на генерацијата на Чикаго Булс предводена од Мајкл Џордан. Во новите две епизоди кои премиерно беа прикажани во неделата на „ЕСПН“ за првпат се појавува и Коби Брајант, чии изјави се снимени само една седмица пред неговата трагична смрт во јануари годинава.
„Тоа е мојот голем брат. Навистина мразам да зборувам за тоа кој ќе победи во еден на еден. Се што имам јас е од него. Немаше да имам 5 шампионски прстени без него. Тој ми даваше неверојатни совети“, изјави Коби.
Досега излегоа шест епизоди од документарецо, а следните две недели ќе бидат премиерно прикажани и последните четири епизоди од најгледаниот спортски документарен филм во историјата на американските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА