Последната порака која ја испрати Пеле: „Ти благодарам Мбапе…“

Легендата на бразилскиот и светскиот фудбал Пеле почина на 82-годишна возраст по долгата битка со ракот на дебелото црево.

Едсон Арантес до Насименто – Пеле се смета за еден од најголемите на сите времиња. Со репрезентацијата на Бразил дојде до три титули светски шампион што не му успеало на ниту еден фудбалер досега во историјата.

Првиот наслов го освои во 1958 година кога со само 17 години го воодушеви светот и веднаш стана клучен играч на репрезентацијата. Вториот трофеј беше само четири години подоцна, а последниот во 1970 година.

Во својата последна порака пред смртта која ја дочека јавноста се обрати на Килијан Мбапе.

„Ти благодарам Мбапе. Среќен сум што на ова светско првенство собори уште еден од моите рекорди“ – порача Пеле.

Мбапе го собори рекордот на Пеле за најмногу голови на светските првенства во конкуренција на играчи под 24 години.

Се вчитува...