Емилијано Сала се уште се води за исчезнат по авионската несреќа што се случи во пределот над британскиот канал, а француската и бритнаската полиција почнаа и заедничка потрага за да го најдат авионот со кој летаа новиот фудбалер на Кардиф во придружба на уште едно лице.
Сала пред само неколку дена потпиша за Кардиф во трансфер вреден 15 милиони фунти, по што се врати во Нант за да ги спакува најнеопходните работи пред да почне со животот во велшкиот клуб.
Тој синоќа објавил и фотографија со своите поранешни соиграчи, со посвета: „Последно чао“.
Колку и да е јасно дека пораката се однесување на последната фотографија со играчите на Нант, голем дел од јавноста не може а да не се запраша – дали Сала со „последното чао“ можеби ја претчувствувал сопствената смрт.
La ultima ❤ ciao @FCNantes ???? pic.twitter.com/SV1dNHbYYH
— Emiliano Sala (@EmilianoSala1) January 21, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА