Поранешниот српски кошаркар, а подоцна и тренер Дејан Милојевиќ вчера прерано го загуби својот живот на 47-годишна возраст по срцев удар. Србинот го напушти овој свет како помошен тренер на НБА екипата Голден Стејт Вориорс, а во минатото беше дел и од Будуќност и Мега.
Со српскиот тим Милојевиќ го доживеа врвот на тренерската кариера, а таму имаше и огромно значење во развивањето на двократниот МВП и актуелниот МВП на финалната серија на НБА лигата, Никола Јокиќ.
Овие двајца беа познати по своето пријателство кое белскаше на секој меѓусебен натпревар одигран и во Соединетите американски држави. Последниот дуел беше одигран пред само две недели и истиот го одбележа неверојатниот кош на Јокиќ со звукот на сирената вреден победа за Денвер.
По крајот на натпреварот и краткото славје на теренот со соиграчите, Јокиќ се упати кон својот учител Милојевиќ, а прегратката која можеби е и последната помеѓу нив сега го обиколи светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

