Последната роденденска желба на Марадона

Фудбалскиот свет е во шок по веста што пристигна од Аргентина, дека Диего Армандо Марадона починал денеска во Буенос Аирес. Легендарниот Аргентинец на 30 октомври го прослави својот 60. роденден, а од новинарите на „Франс Фудбал“ беше прашан која е неговата роденденска желба по тој повод.

„Сонувам да им дадам уште еден гол на Англичаните, овојпат се десната рака“, во свој стил прокоментира „Дон Диего“, почнувајќи гласно да се смее.

Неполн месец подоцна, згасна животот на еден од најдобрите фудбалери во историјата на овој спорт. Слава му…

Се вчитува...