Последната шанса за Нико Ковач е мечот против Бенфика во ЛШ

Германскиот првак Баерн Минхен доживеа нов шок во Бундес-лигата, откако Фортуна Диселдорф му „украде“ бод на „Алијанц арена“, играјќи 3-3. Баварскиот тим имаше водство од 3-1, но во завршницата дозволи да прими два гола и сега заостанува огромни девет бода на табелата зад лидерот Борусија Дортмунд. Тоа уште повеќе ги засили критиките кон шефот на стручниот штаб, Нико Ковач. Сите ја очекуваат одлуката на раководството за негова смена, но Нико Ковач ќе добие уште една шанса, дуелот против Бенфика во Лигата на шампионите.

„Сега нема да го анализираме тренерот. Во вторник имаме тежок натпревар против Бенфика во Лигата на шампионите и мораме да останеме смирени. Приоритет е да го обезбедиме местото во нокаут фазата од Лигата на шампиони, а потоа ќе седнеме и ќе направиме детална анализа. Ова што ни се случи против Фортуна е едноставно недозволиво. Нема инспирација во играта на Баерн Минхен, и тоа мора да се промени“, изјави Ули Хенес, претседателот на Баерн Минхен.

Германскиот шампион моментно се наоѓа на петтата позиција на табелата во Бундес-лигата со 21 бод, дури девет помалку од Борусија Дортмунд.

Се вчитува...